Научници го открија најголемиот базен со слатка вода во светот под Атлантскиот Океан

- Advertisement -

Научници открија џиновски базен со слатка вода во близина на североисточниот брег на САД. Голема е веројатноста овој базен да е најголемиот таков во светот, а се протега од Масачусетс до Њу Џерси. Се прашувате како стигнала слатката вода таму?

Пред 20.000 години Америка била покриена со глечери. Како што се топел мразот на Земјата, стопениот мраз формирал базени во близина на предисторискиот брег.  Со тек на време Атлантскиот Океан се издигнал над тие базени и ги заробил базените со свежа вода.

- Advertisement -

Се досега. Новооткриениот базен се наоѓа 180 метри под дното на океанот, долг е 350 км, а широк 120 км. Научниците велат дека можно е да има други вакви базени под океаните кои би биле бесценет извор на водата која очајно им е потребна на многу региони во светот погодени од суша.

1 од 6 луѓе во светот нема пристап до вода, а според предвидувањата, до 2025 година две третини од популацијата во светот ќе се соочи со недостиг од вода. Базенот со слатка вода се уште има мала количина сол и мора да се десалинизира за да може да се пие, но овој нов извор на слатка вода ни дава надеж дека има спас.

- Advertisement -

Scientists have discovered a freshwater sea under the Atlantic Ocean

Prehistoric pools. 📕 Read more: https://wef.ch/2X8x7n2

Posted by World Economic Forum on Среда, 26 јуни 2019

Сподели!
- Advertisement -