Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот започна кампања за земјава како следна дестинација за одмор

- Advertisement -

На креативен начин, АППТ допира до потенцијалите туристи кои патуваат долж автопатот – Е75, пласирајќи фотографии од храна и вино, туристички атракции и познати локации каде можат да поминат дел од своето слободно време.

- Advertisement -

Насочувањето и задржувањето на туристите кои минуваат низ Република Северна Македонија се одвива преку билборд кампања во Србија која е во траење од четири недели и опфаќа бројни билборди поставени по должина на автопатот Е75. Почнувајќи од Белград, па се до македонската граница , овој пристап со т.н. надворешно рекламирање значи директно зајакнување на промоцијата на локациите кои се атрактивни за туристите, а се наоѓаат во непосредна близина на автопатот, се наведува во соопштението на Агенцијата.

Во фокусот на промоцијата е гастрономијата и искуството кое туристите би го добиле доколку одберат да одморат попатно во земјава. На билбордите може да се видат актрактивни фотографии од традиционална македонска храната и вино, преку блесокот на Охридското и Дојранското езеро, археолошките приказни на Стоби, па се до динамиката на Скопје.

- Advertisement -

Очекувањата од овој тип на рекламирање е да се надмине минатогодишниот број на туристи во Демир Капија, Дојран и други места долж патниот правец Е-75 преку праќање пораки дека доколку застанат ќе искусат само трошка од она што нашата земја може да го понуди.

извор: МИА

Сподели!
- Advertisement -