Компанијата „Нестле“ најави дека до крај на оваа година на своите производи во Европа ќе претстави Nutri-Score означување.
Таа информација за нутритивниот рејтинг на производите ќе им помогне на потрошувачите да донесат поинформирани одлуки, кои се во склад со европската и со локалната здравствена политика, соопштија од „Нестле“.
Nutri-score означувањето се користи во континентална Европа за класифицирање на храната и на пијалоците со вогласност со нивниот прехранбен профил.
Производите се означуваат со бои на скалило од А до Е, при што А е првиот здрав избор, а Е е најмалку здравата опција. Тоа е доброволна налепница од предната страна на пакувањето, која ја предложија здравствените власти на Франција, Белгија и Швајцарија.
Дел од европските трговци веќе го прифатија овој начин на означување на производите.