„Нестле“ ќе го прикажува нутритивниот рејтинг на производите во Европа

- Advertisement -

Компанијата „Нестле“ најави дека до крај на оваа година на своите производи во Европа ќе претстави Nutri-Score означување. 

Таа информација за нутритивниот рејтинг на производите ќе им помогне на потрошувачите да донесат поинформирани одлуки, кои се во склад со европската и со локалната здравствена политика, соопштија од „Нестле“.

- Advertisement -

Nutri-score означувањето се користи во континентална Европа за класифицирање на храната и на пијалоците со вогласност со нивниот прехранбен профил.

Производите се означуваат со бои на скалило од А до Е, при што А е првиот здрав избор, а Е е најмалку здравата опција. Тоа е доброволна налепница од предната страна на пакувањето, која ја предложија здравствените власти на Франција, Белгија и Швајцарија.

- Advertisement -

Дел од европските трговци веќе го прифатија овој начин на означување на производите.

Сподели!
- Advertisement -