Граѓаните кои од понеделник ќе патуваат во Албанија, БиХ, Косово, Србија или Црна Гора ќе плаќаат драстично пониски цени на телефонските разговори во роаминг.
Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) донесе одлука со која за 90 процнти се намалуваат цените на роамингот со земјите од Западен Балкан. Според одлуката донесена на 25-ти месецов и почнува да важи од 1 јули, доколку се наоѓате во некоја од овие земји и се јавувате во Македонија или во која било од тие држави ќе платите само 4,3 денари за минута појдовен повик, кој сега чини 64 денари за минута.
За минута разговор во роаминг, ако повикот е дојдовен, од понеделник ќе се плаќа 2,46 денари, за разлика од досегашните 25 денари. Цената на СМС пораките од 14 денари се намалува на 2,1 денар.
Цените на интернетот во роаминг имаат најголем пад. Еден мегабајт интернет сообраќај во роаминг од 1 јули со земјите од Западен Балкан кој сега го плаќаме 218 денари, од 1 јули ќе чини само 1,5 денари.