„Self-care“ совети за оние кои често патуваат

- Advertisement -

Патувањата се привилегија за повеќето луѓе кои барем еднаш годишно одат на заслужен одмор. Но, за оние кои често патуваат поради работа, патувањата не секогаш се задоволство, туку обврска и напор. Без разлика дали патувате за да се одморите или службено, приоритет секогаш нека ви биде грижата за себе.
Ова се неколку одлични совети:

Понесете книга која ќе ве “зајакне“

- Advertisement -

Кога бирате инспиративни книги, купете ги само оние кои навистина ги сакате. Тоа е најдобар пристап кога треба да изберете некоја одредена книга која ќе ви даде инфрмации со кои ќе го подобрите вашиот живот. Препорака „Алхемичарот“ од Паоло Коелјо, роман кој се занимава со самоспознавањето и остварување на својата судбина. Тоа е книга која ќе ја запаметите и на која одново ќе се навраќате за подлабоко да ги сфатите ликовите и приказната.

Не се срамете да го побарате она што го сакате

- Advertisement -

Барајте се што ви е потребно за патувањето да ви биде покомфорно. Барајте одредени поволности во авионот – повеќето стјуардеси ќе ви излезат во пресрет. Кога ќе дојдете во хотелот, побарајте соба со када ако сакате долги купки после напорен ден.

Добро наспијте се

- Advertisement -

Сте забележале ли дека луѓето кои често патуваат често се разболуваат? Можеби не одмараат доволно. Недостигот на сон во текот на патувањето може да го загрози вашиот иимунолошки систем. Ова може да ве опушти: намалете внес на кофеин, воспоставете рутина на спиење, истуширајте се непосредно пред да си легнете, пијте билни чаеви, слушајте класична музика, избегнувајте алкохол.

Водете дневник 

Ова е добар метод за оние кои често патуваат и во текот на денот доживуваат и запознаваат нови работи. Забележете ги своите мисли и импресии. Посветете некои страници на благодарност. Потсетете се зошто ги сакате патувањата и дека тие не се само обврска.

Сподели!
- Advertisement -