Во Пекинг заврши изградбата на најголемиот аеродром во светот

- Advertisement -

Во Пекинг завршi изградбата на меѓународниот аеродром Дасинг, кој според бројот на патници ќе биде најголем аеродром во светот.

Аеродромот е оддалечен 46 километри од центарот на Пекинг, опфаќа површина од 1,4 милиони метри квадратни, а територијата на која се наоѓаат терминалите е со големина на 25 фудбалски игралишта, пренесуваат кинеските медиуми.

- Advertisement -

Предвидено е официјално да почне со работа на 30 септември.

Аеродромот има облик на ѕвезда.

- Advertisement -

Според кинеската новинска агенција Ксинхуа, тој треба да ја олесни работата на пренатрупаниот аеродром во Пекинг.

До 2025 година, на годишно ниво се предвидуваат 72 милиона патници, 620.000 летови, а до 2040 година, предвидувањата се за 100 милиона патници и 880.000 летови.

- Advertisement -

МИА

 

Сподели!
- Advertisement -