Од денес може да започнете да ги скенирате фискалните сметки за поврат на ДДВ

- Advertisement -

Денес, од 1 јули, започнува нова владина мерка за намалување на сивата економија со поврат на средства од ДДВ остварени преку секојдневниот промет на сметките на граѓаните и домаќинствата. Затоа од денес може да започнете да ги скенирате фискалните сметки преку посебната мобилна апликација „Мој данок“ зад која стојат Министерството за финансии и УЈП.

Апликацијата „Мој данок“ ќе може да ја користат сите кои се регистрирани преку електронскиот систем е-Персонален данок. Истата е достапна за Android платформата од Play Store преку следниот линк.

- Advertisement -

Оваа можност за поврат на дел од ДДВ-то ќе биде достапна за сите граѓани на Република Северна Македонија кои имаат наполнети 15 години, кои се регистрирани или ќе се регистрираат на системот на УЈП, и кои од 1 јули ќе ја преземат одговорноста редовно да си ги земаат фискалните сметки на продажните места, а потоа и да ги скенираат преку мобилен телефон.

Целта на мерката е да се вратат дел од средствата на сметките на граѓаните, но и самите тие да го подобрат даночниот систем со тоа што ќе бараат фискални сметки од трговците или за извршените услуги.

Сподели!
- Advertisement -