Во ова село во Холандија никогаш нема да слушнете брчење на автомобил. Се прашувате зошто? Затоа што во селото нема ниедна улица по која би се движеле автомобили. Во селото може да се појде само пеш или со чамец
Гиторн е село во северниот дел на Холандија, а е направено среде огромен национален парк преполн со езера, мошуришта, шуми и тресетно земјиште. Таму живеат различни животински видови, меѓу кои видри, мочуришни птици, црни чигри, чапји итн.
Каналите кои водат до селото биле ископани пред повеќе векови за да се транспортира тресетот од регионот. На бреговите на каналите има куќи чии покриви се покриени со слама, а се изградени во периодот од 17 до 18 век.
До селото можете да стигнете пеш или да изнајмите чамец, кој е омилено транспортно средство на мештаните. Овде дури и поштата стигнува со чамец.
Почнувајќи од годинава Гиторн има популација од околу 2.500 жители, но секоја година живописниот шарм на селото привлекува стотици илјади туристи. Ако сакате да го разгледате во помирна атмосфера, можете да дојдете приквечер или надвор од сезона.
This village in the Netherlands doesn't have any road
No cars, no roads… In this village known as the "Dutch Venice", boats are the inhabitants' preferred way to get around.
Posted by Brut nature on Среда, 26 јуни 2019