Индија ја произведува најевтината соларна енергија во светот!

- Advertisement -

Индија ја произведува најевтината соларна енергија во светот. Цената на големите соларни инсталации во Индија падна за 27% споредено со претходната година благодарение на поевтините соларни панели, изобилството од земја и евтината работна рака.

Но, тоа не е случај само во Индија. Во целиот свет паѓаат цените и на другите обновливи извори на енергија. Станува се поевтино да се произведува и електрична енергија од ветрот благодарение на се поголемите и поефикасни турбини, како и подобрата технологија за батерии во кои се складира енергијата.

- Advertisement -

Како што се намалуваат цените расте и побарувачката. На глобално ниво производството на соларна енергија минатата година се зголемил за 24%, а најголем раст има во азиските земји како Кина, Индија и Јапонија. Силен раст забележаа и во САД, Австралија и Германија.

India produces the cheapest solar power in the world

Prices ⬇️ Demand ⬆️ 📕 Read more: https://wef.ch/2Ja9Iww

Posted by Video – World Economic Forum on Петок, 28 јуни 2019

Сподели!
- Advertisement -