Објавен е прирачник за извоз на софтвер и ИКТ услуги

- Advertisement -

Странските компании и компаниите во земјава ја препознаа стратешката важност за настапот на странски пазари, а со тоа и извозот на софтвер и ИКТ услуги. Компаниите во Република Северна Македонија гледаат на странските пазари како нов потенцијален сегмент за развој на својот бизнис и зголемување на приходите. Согласно тоа, МАСИТ го изработи прирачникот за извоз на софтвер и ИКТ услуги, во рамки на проектот на УСАИД – Партнерство за подобра бизнис регулатива. Во прирачникот се објаснети чекорите и стратегиите кои треба да ги знае една компанија за извоз на странските пазари.

Целосниот прирачник можете да го преземете на следните линкови:

- Advertisement -

– Прирачник за извоз на софтвер и ИКТ услуги

– Doracak për eksportin e softuerit dhe shërbimeve të TIK

- Advertisement -

Прирачникот за извоз на софтвер и ИКТ услуги е изработен во рамки на проектот на УСАИД – Партнерство за подобра бизнис регулатива, во кој партнери се Стопанска комора на Македонија, Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанска комора на северозападна Македонија, Сојузот на Стопански комори на Македонија и ЕПИ центар интернационал.

Сподели!
- Advertisement -