- Advertisement -
Поради енормно зголемен број на туристи, најубавиот белгиски град воведува посебни мерки со цел да не се претвори во нов Дизниленд, објасни тамошниот градоначалник.
Бриж повеќе нема да можете да го посетите кога ќе посакате бидејќи градските власти го ограничуваат бројот на туристи.
- Advertisement -
На пристаништето веќе нема да можат да бидат врзани повеќе од два крузера истовремено, а досега можеше да има дури пет. Пристигнувањето на бродовите ќе се договара исклучиво за работни денови, а не за викенд, најавија градските власти.
Минатата година белгискиот град од бајка го посетиле повеќе од осум милиони туристи.
- Advertisement -