Стартува електронска наплата на патарините во земјава

- Advertisement -
На пет наплатни станици во земјава граѓаните веќе можат да платат патарина без да застанат. Возачите на располагање имаат две опции да си купат таг кој чини 1.200 денари или смарт картичка за 100 денари. Според надлежните тагот е решение за транспортерите со повеќе возила, а картичката за граѓаните. Смарт картичките ќе може да се надополнуваат со најмалку 300 денари.
Од денессообраќајот по должината на Коридорот 10 се мониторира преку новиот контролен центар во Петровец. Камерите поставени на автопатот ќе даваат информации за наплатата на патарините, но и за евентуален застој или несреќи на патот. Наскоро, овој контролен центар ќе се поврзи со тој во Неготино, а од тука ќе се следи и сообраќајот на новиот автопат до Штип. Целиот проект чини 18,6 милиони евра.
„Официјално го пуштивме во употреба електронскиот систем за наплата на патната такса на Коридорот 10, а воедно започнува со работа и овој високомодернизиран центар кој основна задача ќе има мониторинг, управувае и контрола на сообраќајот на сите наплатни станици во земјава. Директорот информираше дека првично ќе се контролираат само наплатните станици, за потоа да ог инапредиме системот кој ќе врши контрола на сите клички на Коридорот 8 и 10. На овој начин ќе го забрзаме протокот на возила и ќе го инапредиме сообраќајот преку зголемување на безбедноста. Тесните грла особено во летните месеци, повеќе нема да ги има.“ – рече министерот за транспорт Сугарески.
Со картичка може да се плаќа на патарините долж Коридорот 10 и тоа Романовце, Отовица, Сопот и Градско, како и на наплатната станица Петровец. За почеток електронската наплата ќе има на по една лента на патарините. Оние кои возат по Коридорот 10 таговите и картичкките ќе може да ги купат на самите наплатни станици, како и во контролниот центар во Петровец. Надополнувањето може да се врши и онлајн преку веб-страната на Јавното претпријатие.
До мај идната година се очекува сите патарини низ земјава да бидат дигитализирани. Целиот проект ќе чини над 30 милиони евра, пари најголем дел обезбедни преку заеми од Европската банка за обнова и развој. Сепак плаќањето во готово нема да се укине. А ќе има попуст за електронско плаќање, па така за надополнување до 10.000 денари попустот изнесува 2 проценти, а за над 300.000 денари попустот изнесува 7 проценти.
Сподели!
- Advertisement -