Штипска „Актива“ доби заем од пет милиони евра од ЕБОР

- Advertisement -

EБОР обезбедува кредит од пет милиони евра на „Актива”, една од водечките компании за преработка на метални производи и градежништво во земјава, со што ќе го поддржи проширувањето на снабдување на меѓународните компании со процесирани метални делови.

Финансирањето е дел од напорите на Банката да ја поттикне конкурентноста на малите и средни претпријатија во земјата.

- Advertisement -

Заемот, соопшти ЕБОР, ќе се искористи за да се комплетира инвестициската програма на „Актива”, во вкупна вредност од 10 милиони евра, за зголемување на капацитетите на производство и антикорозивна заштита, вклучувајќи инсталација на нова опрема за антикорозивна заштита со КТЛ технологија.

„Актива”, основана во 1999 година, обезбедува метало-преработувачки услуги, како и услуги за инженерство, супервизија и градежништво на челични градежни објекти. Откако во 2014 година, влезе на пазарот за производство на метални делови, во соработка со белгискиот производител на автобуси „ВанХол”, „Актива” почна и со производство на метални производи и за други меѓународни компании, вклучувајќи ги „Фаст” и „ТисенКруп”.

Сподели!
- Advertisement -