До 2033 година повеќе ќе се продава преку интернет отколку во продавници

- Advertisement -

До 2033 година уделот на интернет трговијата во вкупната малопродажба ќе биде повеќе од 50 отсто, предвидоа лидерите на светските малопродажни компании на самитот „РетаилХ“ што неодамна се одржа во Чикаго.

Тоа нема да значи и крај на физичките продавници, туку извесно е дека трговците ќе вложуваат во комбинација меѓу продажбата во маркети и он-лајн продажбата, што би било тренд на иднината и што го доби називот „фигитал“.

- Advertisement -

Интернет трговијата во САД за 2018 година сочинуваше 14,3 отсто од вкупната малопродажба. Дури 40 отсто од вкупниот број трансакции отпаѓаат на „Амазон“, кој го купи и „Хол фудс маркет“, синџир од 500 прехранбени маркети. Освен тоа, интернет гигантот ги отвори и „Амазон гоу“, физички продавници без каси. Сега ги има 11 што работат со тој концепт, а до крајот на 2021 година нивниот број треба да порасне на 3.000 продавници на територијата на САД.

Сподели!
- Advertisement -