Првата 3Д испечатена вештачка рака во Србија ќе ја добие мало девојче

- Advertisement -

Четиригодишно девојче од Врање ќе ја добие првата вештачка рака во Србија испечатена со 3Д принтер. Вештачката рака, односно протеза за подлактица, е изработена во лабораторијата iDEAlab на Факултетот за технички науки во Нови Сад.

Раководителот на лабораторијата iDEAlab, Владимир Тодоровиќ, вели дека семејството од Врање, чие дете има вроден недостаток на десната рака од половина подлактица, стапило во контакт со нив преку колега од iDEAlab Зеница, кои со модификации го направиле решението за протеза со поврзување со светската заедница која развива 3Д модели и преку веб-платформата Enabling the future.

- Advertisement -

Во лабораторијата во Нови Сад набрзо била направена првата вештачка рака со помош на 3Д принтер. По првото пробно склопување научниците ги увиделе потенцијалните проблеми и критичните места и направиле модификации за да се намали можноста за ненадејни откажувања на одредени делови.

Лабораторијата iDEAlab поседува најмодерни уреди за 3Д печатење. Допрва ќе биде организирано тестирање на раката за да се види дали може да се коригира уште нешто. Раката овозможува фаќање и држење на предмети, возење велосипед и пренесување предмети. Некоја следна етапа во истражувањето би била тоа девојче да може да пишува со таа рака, односно сите прсти да функционираат посебно, но за тоа им треба поддршка од фондови кои би го финансирале истражувањето.

Сподели!
- Advertisement -