Матичните клетки се потенцијален лек за ќелавост!

- Advertisement -

Периките и трансплантацијата на коса во иднина ќе станат минато? Научници наведуваат дека во текот на истражувања врз животни дошле до заклучок дека косата во иднина можеби ќе се добива од матични клетки.

Истражувачите наведуваат дека досега оваа техника е испробана само на глувци, а резултатите можеби нема да бидат исти како кај луѓето. Меѓутоа, тие велат дека кај животните може да се добие природно крзно со помош на матични клетки.

- Advertisement -

Ако техниката се покаже успешна и кај луѓето, ова би можело да им влее нова надеж на мажите и жените кои ја губат косата. „Сега имаме нова, контролирана метода за создавање природна коса која расте директно од кожата“ велат истражувачите.

Резултатите беа претставени на состанок на Меѓународната асоцијација за истражување на матични клетки во Лос Анџелес. Истражувањето претставено на вакви состаноци се смета за прелиминарно додека не се објави во списание кое е рецензирано.

- Advertisement -

Истражувачите велат дека системот користи клетки наречени дермални папила. Во фоликулите на влакната, овие клетки ја контролираат густината на косата, нејзината должина и брзината на растење. „Ова е вистински напредок во развојот на терапии за губење на косата на база на клетки и на полето на регенеративната медицина“, велат научниците.

За своите експерименти истражувачите имплантирале комбинација од глувчји и човечки клетки на глувци без крзно. Лабораторијата сега работи со човечки клетки за да добие фоликули од коса кои можат да се пресадат.

Сподели!
- Advertisement -