Костарика го има најамбициозниот проект за бoрба против климатските промени

- Advertisement -

 

Костарика има навистина амбициозни планови за борба против климатските промени. Земјата сака да ја трансформира целата економија и да ја намали емисијата на јаглерод диоксид на нула до 2050 година. Како планира да го постигне тоа?

- Advertisement -

До 2050 година земјата сака сите автобуси и такси возила во земјата да бидат електрични. Државните дистрибутери на нафта ќе мора да бараат алтернативи за горивата кои ја загадуваат животната средина од типот на водород и биогорива.

Истовремено, Костарика ќе бара решение за нови работни места за работниците од нафтената индустрија. Костарика веќе генерира 98% од електричната енергија која ја троши од обновливи извори и планира да ги прошири своите шуми, кои веќе покриваат повеќе од половина од територијата на земјата.

- Advertisement -

Ако им успее планот, жителите на Костарика во 2035 година ќе испуштаат исто толку јаглерод диоксид во воздухот како што испуштале во 1940 година, а до 2050 година нема воопшто да испуштаат јаглерод диоксид.

Критичарите велат дека оваа цел е тешка за достигнување. И скапа. Во Костарика, всушност, има пораст на побарувачката за нафта поради тоа што постојано расте бројот на автомобили.

- Advertisement -

Сепак, ако и успее планот, земјата ќе стане пример за остатокот од светот додека државите во светот се обидуваат да го ограничат глобалното затоплување на помалку од 2 степени Целзиусови.

Costa Rica has one of the world's most ambitious plans to fight climate change

A zero-carbon footprint for the world to follow. 📕 Read more: https://wef.ch/2BX5eGx

Posted by Video – World Economic Forum on Вторник, 28 мај 2019

Сподели!
- Advertisement -