Јапонската сонда Hayabusa-2 слета на астероид

- Advertisement -
Јапонската вселенска агенција соопшти дека податоците испратени од вселенската сонда Hayabusa-2 покажуваат дека таа успешно слетала на далечен астероид и извела историска мисија на собирање примероци од внатрешноста на астероидот, со цел да се дознае како еволуирал Сончевиот Систем.

 

Hayabusa-2 е првата сонда која успешно собра примероци од астероид, со што ги надмина Американците и НАСА.

- Advertisement -

Јапонската агенција за вселенски истражувања наведе дека е потврдено слетувањето на сондата. Во финалниот чекор лебдела 30 метри над астероидот додека не го пронашла претходно направениот кратер.

На површината останала само неколку секунди, вршејќи ги зададените задачи. Нареден чекор е да се врати на почетната позиција над астероидот и одозгора да го испита местото на слетување.

- Advertisement -

Сондата би требало да се врати кон Земјата кон крајот на идната година и да ги донесе насобраните примероци, пренесува BBC.

- Advertisement -

Сподели!
- Advertisement -