Оваа европска земја целосно го забрани пушењето на отворено

- Advertisement -

Во Шведска стапи на сила забраната за пушење на отворено на некои јавни места, вклучувајќи ги игралиштата и железничките станици. Забраната, која започна минатата недела, значи дека е забрането пушење и во отворените делови од рестораните и влезовите во одредени кабини за пушачи.

Она што е најинтересно кај забраната е тоа што важи и за електронските цигари. Официјалните бројки покажуваат дека само 11% од популацијата во Шведска од вкупно 10 милиони луѓе секојдневно пушеле во 2016 година, а повремено пушеле околу 10%.

- Advertisement -

Во мај 2005 година Шведска го забрани пушењето во барови и во ресторани. Според новиот закон, целта е оваа скандинавска земја до 2025 година да стане smoke-free, односно исчистена од чад од цигари.

Сподели!
- Advertisement -