Иновативна куќа на расклопување – ви ја носат дома и станува трипати поголема

- Advertisement -

Куќата во класична смисла претставува имот кој го поседувате направена од тврда градба или монтажна и стационирана на едно место. Стартапот Ten Fold Engineering има сосема поинаква визија за куќите во иднина со својата куќа на расклопување.

Станува збор за иновативен проект на куќа која со камион ви ја носат таму каде што сакате да ја поставите и буквално ја распакуваат со помош на електрична дигалка за десетина минути. Потоа куќата може да се развлече на трипати поголема и да достигне големина од околу 70 квадратни метри,

- Advertisement -

Куќата ја нарекуваат Ubox, а наскоро ќе почне да се произведува во Велика Британија и ќе биде прилагодлива на потеребите на купувачите. Се очекува почетната цена да биде околу 130.000 долари.

Сподели!
- Advertisement -