Овие градови ги убива туризмот (1 дел)

- Advertisement -

Минатата година по прв пат во речникот на англиски јазик Oksford влезе зборот „overtourism“, што би можело да се преведе како турботуризам. Тој збор означува туризам поради кој бројот на гости е толку голем што ја уништува животната средина, но и економијата, инфраструктурата, социјалното ткиво на градовите и местата.

Макчу Пикчу, Перу

- Advertisement -

Древниот и одлично сочуван град на Инките од 15 век отсекогаш било егзотична дестинација за туристите, но денес таа популарност го достигнува врвот и градот дневно во просек го посетуваат 4.300 луѓе, кои се гужваат по улиците. Во 2017 година градот го посетиле 1,4 милиони, а лани дури 1,6 милиони туристи. Уште во 2010 година Мачу Пикчу  го посетувале во просек 2.000 луѓе дневно, а денешните 4.300 се пораст од 115%. А сето тоа се случува во археолошки локалитет на гратче во кое некогаш одамна живееле само 750 Инки. Надлежната администрација во јануари годинава ги ограничи посетите на само 4 часа и влезниците повеќе не важат за повекратно влегување во истиот ден. Сепак, тоа не довело до ограничување на бројот на туристи, но доведе до порамномерно распоредување на посетите во текот на денот.

Амстердам, Холандија

- Advertisement -

Минатата година градот го посетиле дури 18 милиони туристи, а со оглед на стапката на раст на бројот, се предвидува дека до 2030 година ќе го посетуваат дури 42 милиони туристи. Во Амстердам градските служби чиј ресор е туризмот едноставно престанаа да го рекламираат градот како туристичка дестинација. Отворено се зборува за повлекување на амстердам од туристичкиот пазар за да не го уништи туризмот. Гтадските власти им забранија и на Airbnb да изнамјуваат сместување на повеќе од 30 дена.

Венеција, Италија

- Advertisement -

Есента 2017 година градските власти во Венеција успеаја да се изборат високите судски инстанци да не ја соборат одлуката за забрана за влез за бродовите потешки од 100.000 тони во градскиот центар. Освен тоа, во Венеција го органичија бројот на посетители на повеќе места. Сите тие мерки имаат за цел градот да го намали бројот на туристи.

Дубровник, Хрватска

Минатата година Дубровник го посетиле 1,27 милиони луѓе, за што е најзаслужен или најголем виновник филмот „Game of Thrones“. Една мерка со која Дубровник се обидува да се одбрани од туристите е ограничувањето на патници во крузерите на 4.000 луѓе. Дубровник не е единствениот хрватски град кој се бори со напливот на туристи. Тука е и Трогир, кој делумно успеаја да го растеретат со изградбата на мостот од копното до Чиово.

Рејкјавик, Исланд

140.000 луѓе во јануари годинава, односно 2,3 милиони туристи во текот на целата мината година не е некоја драстична бројка ако не знаете дека станува збор за нација од само 340.000 луѓе. Освен тоа, сите тие туристи главно се движат во Рејкјавик и околината, а градот има само 123.000 жители. Затоа, Исланд сега работи на тоа да се организитаа посети на површина од 103.000 квадратни километри поширока територија за да се растерети Рејкјавик. Се повеќе пари се инвестираат во Фондот за заштита на туристички места, се размислува за наплаќање на влезница во националните паркови, а властите се подготвуваат и да го затворат кањонот на реката Фјадра за туристите речиси преку целата година. Главната причина за напливот на туристи во земјата е спотот на Џастин Бибер кој е снимен таму.

Бриж, Белгија

Градот има 120.000 жители, а во центарот стана сосема нормално да бидат сместени трипати повеќе туристи отколку домашни жители. Градоначалникот на Бриж вели дека нема да дозволи градот кој е под заштита на УНЕСКО да стане како Дизниленд. Најави ограничување на бројот на туристички бродови на третина од капацитетот на пристаништето, а туристичката заедница престана да огласува еднодневни излети.

Сподели!
- Advertisement -