Националниот парк Маврово објави фотографија од две мечиња

- Advertisement -

По неодамнешните снимки на возрасен рис и волк, јавноста овојпат можеше да види две кафеави мечиња како талкаат низ шума. Фотографијата беше објавена на Фејсбук страницата на Националниот парк Маврово.

И оваа фотографија е направена со помош на фотозамки, во рамките на проектот за закрепнување на балканскиот рис, што се спроведува во соработка со Македонското еколошко друштво.

Сподели!
- Advertisement -