Британско-македонскиот стартап Cognism „собра“ инвестиција од 10 милиони долари

- Advertisement -

Британско-македонскиот стартап со седиште во Лондон, Cognism во „Б“ инвестициска рунда успеа да „собере“ инвестиции од 10 милиони американски долари. Најголем инвеститор во оваа рунда е инвестицискиот фонд PeakSpan Capital од Њујорк. Со последната инвестиција стартапот успеал да прибере 16,5 милиони долари.

Новата инвестиција ќе биде искористена за отворање на две регионални канцеларии, едната во Северна Америка со седиште во Бостон; другата во Азија и ќе се наоѓа во Сингапур. Остатокот од средствата е наменет за зголемување на прифаќањето на нивното решение.

Cognism користи вештачка интелигенција за унапредување на продажбата. Технологијата која ја развиваат треба на клиентите преку анализа на „big data“ да им помогне да ја забрзаат продажбата и да ги пронајдат вистинските контакти. Tехнологија e целосно компатибилна со Salesforce и Microsoft Dynamics што ги прави Cognism едена од водечките европски компании во Sales Intelligence (Продажна Интелигенција). Cognism ќе овозможи подобра организација при купувањето и поголема приватност на купувачите. Компанијата со помош на вештачка интелигенција работи на обработка на податоците од потенцијалните купувачи, ги прочистува овие податоци и ги збогатува. Ова овозможува поголема продажба и подобро прилагодување на тимовите за продажба.

- Advertisement -

Компанијата има развоен тим во Скопје кој на почеток на годинава имаше околу 20 вработени.

Сподели!
- Advertisement -