„Тетра Пак“ ќе произведува хартиени сламки

- Advertisement -

Компанијата „Тетра пак“ објави дека со партнерите во Европа почнаа теренско испитување на хартиени сламки за пијалоци.

Со тоа, „Тетра пак“ е прва компанија за картонска амбалажа која нуди ваков вид сламки, како алтернатива за досегашните што се правеа од пластика.

Драго ни е што развивме хартиена сламка која е целосно функционална и ги задоволува меѓународно признатите стандарди за сигурност на храната. Ова е важен чекор кон остварување на нашата визија за правење амбалажа од материјали од целосно растително потекло. Нашите иновации ги ставивме на увид на јавноста. Ги повикуваме сите добавувачи и партнери да го искористат нашето знаење и да ги здружиме силите да го зголемиме шроизводството на хартиени сламки што е можно побрзо, во интерес на животната средина, изјави Адолфо Ориве, претседател на компанијата „Тетра пак“.

- Advertisement -

Новата хартиена сламка која целосно ќе може да се рециклира за почеток ќе биде достапна за две мали картонски пакувања за млечни и други напитоци за деца: Tetra Brik Aseptic 200 Base и Tetra Brik Aseptic 200 Base Crystal.

Сламките засега ги произведува фабриката на „Тетра пак“ во Лисабон.

- Advertisement -

www.instore.mk

Сподели!
- Advertisement -