- Advertisement -
Алкалоид АД Скопје изврши дополнително вложување во постојното друштво во Република Словенија по пат на зголемување на основната главнина.
Од компанијата информираат дека вложувањето се извршило во АЛКА-ЛАБ ДОО Љубљана, каде што се инвестирани 400.000 евра наменети за проширување на капацитетите на хемиската лабораторија за тестирање на лекови. Друштвото е во 100% сопственост на Алкалоид АД Скопје.
- Advertisement -
Со оваа инвестиција компанијата ги продолжува активностите за понатамошно ширење на своите операции на пазарите на земјите членки на Европската унија, како и зајакнување на позициите на овие пазари.
- Advertisement -