Креирана првата меѓународна платформа за вмрежување на тренери и тренинзи со потекло од Македонија

- Advertisement -

Trainings4All претставува првата меѓународна платформа која што е со потекло од нашата земја и која што ќе ги вмрежува сите тренери и тренинзи на едно место. Мината недела за прв пат во Македонија пред голем број на луѓе од бизнис секторот и со учество на тренери од Македонија и странство се одржа настанот  каде што за прв пат и официјално беше претставена платформата и присутните имаа можност да се запознаат со неа.

Платформата Trainings4All ги вмрежува сите оние организации и индивидуалци, кои што допринесуваат за подигнување на свеста за потребата на надградување на личниот и професионалниот потенцијал.  Преку порталот сите оние кои што се дел од оваа платформа добиваат можност на лесен и едноставен начин да ја презентираат својата работа и со тоа да се вмрежат со нивни колеги, во Македонија и пошироко. – изјавија Маја Ацески и Марина Анчевска (основачите на оваа платформа)

- Advertisement -

Токму затоа и главното мото на оваа пларформа е “Се е возможно ако го правиме заедно“. Покрај вмрежувањето, платформата има за цел да ги класифицира сите понуди, да ја истакне професионалноста на тренинг центрите и тренерите, како и да понуди едноставност во барањето на било каков тренинг, обука или настан.

Постапката за да бидете дел од оваа платформа е едноставна. Се што треба е да аплицирате преку нивниот веб сајт на следниот линк со пополнување на основните податоци и со тоа вие влегувате како член на платформата. До декември оваа година сите оние кои што сакаат да бидат дел од неа членството е бесплатно, а од наредната година ќе можете да биде член по достапна цена.

- Advertisement -

На оваа платформа сите што се членови ќе можат да ја презентираат својата работа и да ја доближат до своите клиенти. Ова е прва платформа од ваков тип во Југоисточна Европа на која може да се најдат широк спектар на тренинзи поврзани со животниот стил, кариерата, бизнисот и личниот развој.

Платформата е меѓународна и со полна пареа се работи да се проишири низ Балканот, Европа, па потоа и целиот свет.

- Advertisement -

За повеќе информации можете да го посетите нивниот веб сајт или нивната Фејсбук фан страна.

 

Сподели!
- Advertisement -