Топ 10 најчисти градови во светот

- Advertisement -

Лошите средини и патиштата со дупки може да го одвратат секого од посетување на кој било град. IИ не само тоа, посетителите потоа ќе понесат со себе негативни впечатоци и незадоволство. Денес чистотота е од основно значење за развој на туризмот. Колку се почисти градовите, толку повеќе туристи привлекуваат. Ова се топ 10 најчисти градови во светот.

10. Фрајбург, Германија

- Advertisement -

Овој еколошки град во Германија е на десетто место во светот. Прекрасниот град е опкружен со зелени ридови и неговите жители се придржуваат до повеќе еколошки стратегии. Градот, исто така, е и познато туристичко место поради својата чистота, свежиот воздух и планините.

9. Осло, Норвешка

- Advertisement -

Норвешкиот главен град не само што е срцето на Европа, туку е девети најчист град во светот. Властите во Осло се многу строги во поглед на менаџирањето со отпадот и загадувањето. Градот е истовремено чист и убав.

8. Хелсинки, Финска

- Advertisement -

Главниот град на Финска ги остава посетителите без зборови со своите живописни пејзажи и одлично уредената архитектура. Градот е средиште на културата и образованието и локалните власти се решени да ја зачуваат убавината на градот.

7. Велингтон, Нов Зеланд

Иако градот не е популарна дестинација меѓу туристите, ретко населената област е многу добро одржувана и средена. Прекрасниот град го привлекува вниманието на посетителите со речиси совршените јавни места и со совршената архитектура. Велингтон е одлично место за живот.

6. Копенхаген, Данска

Што се однесува на животната средина данскиот главен град се издвојува од останатите. Земјата има богата историја на култура и традиции и Копенхаген не е ништо подолу од тоа. Одржувањето на чистотата во градот е беспрекорно и токму затоа и се наоѓа на шесто место во светот на листата со најчисти градови.

5. Кобе, Јапонија

Јапонците се добро познати по нивната дисциплина и одговорност, па затоа и лесно ги одржуваат чисти своите градови. Градот Кобе се наоѓа во близина на Осака и е петтиот најчист град во светот. Економијата која е во процут и одговорните гражани придонесуваат за чистотата на градот.

4. Минеаполис, Минеаполис

Буквалниот превод на името на овој град е „воден град“ и ова е еден од најнаселените и најчистите градови во САД. Минеаполис е распространет од двете страни на реката Мисисипи и има многу добро развиена економија во поглед на трговијата, услужниот сектор и транспортот. Високите даноци исто така се одговорни за одржувањето на стандардот во градот.

3. Хонолулу, Хаваи

Тропскиот рај и бисерот на Хаваи, Хонолулу, е третиот најчист град во светот. Бидејќи е главен град на островите, сите финансиски ресурси се концентрирани таму. Градот не е пренаселен и одржувањето на чистотата и на стандардот е благодарение на туризмот. Тука не се толерира фрлање ѓубре на секој агол, но е гостопримлив за сите туристи.

2. Аделаид, Австралија

Аделаид е главниот град на Јужна Австралија и се смета за еден од најдобрите градови за живот во светот. Градот е лоциран меѓу заливот Сент Винсент и планините Лофти и е многу битен во поглед на економијата и културата. Исто така, Аделаид е трговски центар во земјата поради различните финансиски институции.

1. Калгари, Канада, најчистиот град во светот 

Најчистиот град во светот се наоѓа меѓу планините Роки и прериите во Канада. Исто така, две реки течат низ градот и уште повеќе го разубавуваат. Најмногу внимание се посветува на производството на енергија и токму затоа има одлични услови за живот, организирано општество и услуги.

Сподели!
- Advertisement -