Нова можност за инвестициски активности со финансиска поддршка 

- Advertisement -

Kомпаниите можат да поднесувaaт барања за користење финансиска поддршка согласно Законот и да ги искористат можностите за зголемување на нивната конкурентност, а со тоа и на севкупниот економски раст во земјата, беше истакнато на денешната прес конференција во Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК). Стопанствениците од Сојузот имаа можност од прва рака детално да се запознаат со измените на Законот за финансиска поддршка на инвестициите кој  на барање на деловната заедница е со зголемен опфат на бројот на сектори, со поедноставени критериуми особено за одредени индустрии како текстилна, кожарска, како и со  поедноставена постапка за аплицирање.

Претседателот на Сојузот, Данела Арсовска, истакна дека зајакнување на јавно – приватниот дијалог и преточување на потребите на компаниите во квалитетни законски решенија кои ќе бидат имплементирани води кон подобарување на деловниот амбиент.

- Advertisement -

Имплементацијата на голем дел од барањата на деловната заедница во измените на Законот е од суштинска важност за искористување на средствата за финансиска поддршка на што поголем број компании. Зголемување на нивната конкурентност и инвестициска активност е од витално значење за економски развој, што е и една од целите на Законот. Реалноста е дека производите на малите и средни компании кои се најбројни во македонското стопанство,  тешко се пласираат и пробиваат на странските пазари. Токму затоа, преку јакнење на дијалогот и имплементирање на предлог мерките може да очекуваме развој на приватниот сектор како носител на економскиот раст, истакна Арсовска и додаде дека резултатите од имплементацијата на законското решение треба да бидат позитивни, но посочи дека она што е од голема важност за раст на инвестициите  е  предвидлив деловен амбиент и демонстрирање на јасна волја за владеење на правото.

Претставувајќи ги измените на Законот за финансиска поддршка на инвестициите министерот за странски инвестиции, Зорица Апостолска во Сојузот, истакна дека Владата води отворен дијалог со деловната заедницата во моделирањето на економските политики и со крајна цел обезбедување на повисок и поквалитетен животен стандард на граѓаните.

- Advertisement -

Со измените на Законот го унапредуваме системот на поддршка на стопанството преку зголемување на опфатот на компаниите кои може да аплицираат за финансиска поддршка на инвеситиции и се поедноставуваат административните процедури за аплицирање на овие мерки. Намерата е да  го ослободиме потенцијалот за сериозен раст кој е акумулиран во ИТ секторот, секундарното земјоделско производство, како и кај компаниите кои се занимаваат со трговија а имаат отпочнато продуктивна инвестиција во 2018 година. Се опфаќаат и градежните компании кои имаат производствена компонента во своето работење, односно ќе бидат поддржани за набавка на машини и опрема. Дополнителна мотивација кај компаниите правиме и со олабавувањето на условите за аплицирање“, рече министерката Апостолска.

Повикувајќи ги компаниите од Сојузот да аплицираат за финансиска поддршка согласно Законот и неговите измени, министерката Апостолска истакна дека Владата дава правна сигурност на компаниите за нивните вложувања и им овозможува финансиска поддршка преку транспарентни и отворени постапки.

- Advertisement -

 

Сподели!
- Advertisement -