Долго време се смета дека сте попродуктивни кога ќе „избегате“ од канцеларија или од дома и ќе појдете во омиленото кафуле. Самиот факт дека не сте опкружени со колеги кои можат да ви пречат, нема шефови ни директори, ништо освен вашиот лаптоп и кафето ви помага да работите подобро.
Истражување на научник од полето на неуропсихологијата, Оно ван дер Гроен, од Универзитетот Едит Коуан покажа дека средината во кафулето е полна со елементи кои ја поттикнуваат вашата продуктивност. Тоа научниците го нарекоа стокастичка резонанца – stochastic resonance.
Во 2016 година истражувањето на научникот покажало дека позадичнските шумови стимулираат одредени делови од мозокот. Тие сигнали го подобруваат вашето расположение, подобро гледате, подобро слушате и се чувствувате подобро. Сето тоа директно влијае за подобра продуктивност. Интересно е тоа дека стокастичката резонанца e покажува дека одредено ниво на позадинска бучава е подобро од работење во тишина.
Кога зборуваме, пак, за музиката во позадина, науката покажува дека таа може да ја зголеми продуктивноста кога е на одредено ниво, но мора и да биде позната музика за да не паднеме во искушение да почнеме да ја толкуваме што значи. И секако, тоа ттреба да биде музика без зборови, односно без стихови.
Бучавата или музиката во позадина и чувството на дисциплина придонесуваат вашата продуктивност да биде на максимум. Затоа, препуштете се на атмосферата и дадете се од себе.