Време е за промени! Дигитализацијата на компаниите е неопходност која сите мора да ја сфатат!

- Advertisement -

Неодамна се одржа четвртиот бесплатен едукативен Learn-a-thon на тема: “Leading Digital Transformation”  кој Асоцијацијата за е-трговија го ко-организираше заедно со Seavus Education & Development Center, a со поддршка од Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем.

Во дводневна интересна и интензивна агенда, компаниите имаа можност да научат за самата суштина и можните форми на дигитална трансформација, од трансформирање на искуството на клиентите, преку трансформирање на внатрешниот оперативен процес до можностите за користење на дигитална технологија во аналитика, мобилни, социјални медиуми и вградени системи.
Бројни експерти од областа преку практични примери разјаснија различни аспекти од процесите на дигитална трансформација, предизвиците кои стојат на тој пат и како истиот да се направи што поуспешен.

Но, за старт што всушност е дигитална трансформација?

- Advertisement -

Терминот дигитална трансформација не е нов. Се користи уште од 90-тите години кога бизнис светот почнал да преминува од аналогна во дигитална фаза со експанзијата на интернетот. Всушност, самиот термин дигиталната трансформација претставува премин од аналогниот свет во светот на дигиталните информации. Светот на бизнисот во последните 30 години практично секојдневно се прилагодува на новите можности кои ги нудат дигиталните алатки, која се развива сè побрзо и поинтензивно. Компаниите едноставно мора да го модернизираат своето работење!.  

„Дигитализацијата е пат, не е дестинација. Таа опфаќа неколку чекори до постигнување на дигитална трансформација на една компанија. Притоа, процесот на дигитализација не треба да се прави сам за себе или за имиџ во јавноста, туку за поедноставување и поевтинување на одредени бизнис операции. Пример, ако една компанија која издава сметки во хартиена форма за своите корисници направи систем за дигитализација на процесот на наплата тоа би требало да вклучува – целосна замена на хартиените со електронски сметки, и замена на физичките наплатни пунктови со електронски портал за плаќање на сметките. Со ваквата трансформација сите се победници. Компанијата која ќе направи огромни заштеди по основ на хартија, печатење и вработени и трошоци во пунктовите, а корисниците ќе добијат полесен и последлив процес за наплата на услугите“, објаснува Јана Дурнева од Philip Morris International.

- Advertisement -

Таа го потенцира фактот дека буквално се може да биде предмет на дигитализација. Пример, гледањето филмови долго време беше незамисливо без некој физички носач, како видео касета, ДВД или CD. Netflix направи вистинска ревулуција со дигитализирање на целиот процес, oд моментот на избор на филмот до начинот на дистрибуција  на содржините до крајните корисници. Интересен пример, кој го потенцираше Дурнева, е процесот на дигитализација во индустријата на производство на тутунски производи, каде овие процеси се одвиваат потешко. Секако, дигиталната трансформација вклучува и онлајн продажба, пласман  и продажба преку социјални медиуми, како и грижа на корисници преку социјалните медиуми и канали.

Дигиталните алатки даваат голем придонес кон подобрување на грижата за корисници, шанса која треба да се искористи.

Дигитализацијата ги вклучува и најновите светски трендови на вклучување дронови и автономни возила во достава на продукти, можност за дигитално пробување на производите за кои сме заинтересирани да ги купиме, како и паметно управување со одредени уреди во домот.

- Advertisement -

Брзината е една од најважните работи во процесот на дигитализација затоа што во денешно време шансита да успеете или да пропаднете се менуваат многу побргу од порано.

Калина Сејфула, директор за маркетинг и односи со јавноста во Еуролинк осигурување објасни што за оваа компанија значи дигитализацијата и како тие ја применуваат во пракса.  

„За нас дигиталната трансформација е шанса  да се намалат трошоците преку намалување на мрежата на филијали и вработени со префрлање на клиентите на дигиталните канали.

Истовремено, дигитализацијата ја гледаме како паметно инвестирање во иновации кои носат развој. Тоа им овозможува на вработените да бидат поефикасни, а клиентите да имаат избор и да го користат оној канал кој во моментот најмногу им одговара“,   вели Сејфула, објаснувајчи го примерот на отворање на првата дигитална филијала во земјава како пример за дигитализацијана бизнис операциите и воведување иновативен пристап во осигурителниот бизнис.

Процесот на дигитализација е особено изразен во телеком индустријата, каде клиентите и очекуваат дигитални и лесно достапни услуги. На овој настан Иво Стојановски и Андреа Станковиќ oд А1 Македонија го претставија развојот на дигитални платформи за продажба и self-care апликации во компанијата.

„Целиот процес на дигитална трансформација на компанијата базира на три столба: дигиталното искуство на корисниците што вклучува дигитална продажба, дигитален маркетинг и дигитални плаќања, потоа дигиталните операции кои вклучуваат автоматизација и роботизација на некои работни функции кои не мора да ги вршат луѓето, како и дигитална организација која вклучува поголема агилност на вработените и подобрување на дигиталните вештини на вработените“, објаснува Стојановски.

Новите апликации и софтверски платформи овозможуваат подобро опслужување на корисниците.

Во секој случај, дводневниот Learn-a-thon на учесниците им го разјасни во детали процесот и суптината на дигиталната трансформација, кој секоја компанија без разлика на индустријата во која работи, мора да го помине. Дигитализацијата е must за да се преживее во денешниот дигитален свет!  

Сподели!
- Advertisement -