Голем успех на документарецот „Медена земја“, од петок во американските кина

- Advertisement -

Македонскиот филм „Медена земја“ од 26 јули почнува да се емитува во кината во САД. Победникот на „Санденс“ ќе биде застапуван од американската комапнија за производство и дистрибуција на филмови “Неон“.

Стартот на проекциите е одбележан со средба на режисерите на „Медена земја“ ‒ Љубо Стефанов и Тамара Котевска со публиката и претставници на медиумите, во Лос Анџелес (22-23 јули) и во Њујорк (25-27 јули), соопштува продукцискиот тим.

- Advertisement -

Филмот „медена земја“ беше прикажан во „Синема Детроит“ (Cinema Detroit) во Детроит, како и во „Реј старк фемили театар“ (The Ray Stark Family Theatre) и во Универзитетот на Јужна Калифорнија во Лос Анџелес. Денеска и утре следуваат проекции во „Џејкоб Брнс филм центар“ (Jacob Burns Film Centre), а ден подоцна и во „Куад синема“ (Quad Cinema) во Њујорк.

„Медена земја“ ќе може да го види и публиката во Австралија на 31 јули на фестивалот Stronger Than Fiction во Канбера, а на 2 и 18 август во Мелбурн.
Во текот на летото продолжува учеството на филмските фестивали, меѓу кои и на еден од најголемите во регионот, „Сараевскиот филмски фестивал“, кој што ќе се одржи од 16 до 23 август.

- Advertisement -

Кон крајот на август ќе биде прикажан пред домашната публика, на најголемиот фестивал за документарни филмови кај нас, „Македокс“, по што ќе се најде на редовниот репертоар во македонските кина.
Документарецот „Медена земја“, кој по триумфот на филмскиот фестивал „Санденс“, беше прикажан и награден на повеќе од 20 филмски фестивали, го очекуваат кино дистрибуции во САД, Канада, Англија, Германија, Австрија, Полска, Белгија, скандонавските земји, Шпанија, Турција, Кина, Јужна Кореа, па сѐ до Австралија.
Долгата листа на признанија деновиве беше збогатена со специјалната награда од жирито на фестивалот за документарни филмови во Исланд, „Ајсдокс“ (Icedocs FF).

Не запираат и позитивните коментари од познатите филмски критичари во светските медиуми. Најнова, во низата одлични рецензии е од Ентони Лејн за влијателниот „Њујоркер“. Во статијата, која деновиве беше објавена во онлајн изданието, новинарот вели дека „документарецот ‘Медена земја‘ потсетува на тешката, исконска вистина за родителите, децата, алчноста, почитта и за потребата од внимателно искористување на ресурсите“. Воедно, препорачува филмот да се гледа во друштво на нервозни млади двојки или идни родители, и да се проследат нивните реакции, откако ќе видат во какви услови живеат децата од документарецот. Текстот ќе биде објавен и во печатеното издание на „Њујоркер“ на 29 јули, под наслов „Скротување на природата“ („Taming Nature“).
На официјалната страница на филмот, honeyland.earth се наведени сите претстојни проекции и гостувања, а сѐ уште е актуелна и кампањата за донација за протагонистите во „Медена земја“.

Сподели!
- Advertisement -