Славниот музичар Кание Вест ќе гради куќи за бездомници инспирирани од филмот „Војна на ѕвездите“

- Advertisement -

Куќите од пустинската планета Татуин, кои можевме да ги видиме во серијалот „Војна на ѕвездите“, послужиле како инспирација за најновиот дизајн на раперот и мултидисциплинарниот уметник Кание Вест. Веста за оваа идеја во специјално интервју за Forbes ја изнесе самиот Вест и објасни дека се работи за монтажни куќи кои изгледаат како домот на Кук Скајвокер или би можеле да се вградат во земјата со тоа што во тој случај би имале прозорци на кровот за да има светлина.

Неговата идеја е ваквите домови да им се дадат на луѓе со ниски приходи или на бездомници како привремено засолниште. Мeдиумите за оваа идеја на Вест почнаа да пишуваат уште во 2013 година, кога раперот почна да слуша предавања за архитектура и дизајн на Харвард.

- Advertisement -

Нема официјални фотографии за куќите кои ги гради Вест, но според Forbes, тие се високи и долги повеќе метри. Вест преку Twitter во 2018 година ги најави Yeezy куќите, а тогаш упати и повик до архитектите и дизајнерите да му се приклучат во проектот и да го направат светот подобро место за живот.

Овие куќи ќе бидат така направени за да чинат помалку и ќе се користат како домови за сиромашни или бездомни луѓе.

Сподели!
- Advertisement -