Несекојдневен кабел за полнење телефон!

- Advertisement -

Ова е првиот ваков кабел во светот за полнење на вашите електронски уреди. Сите знаеме како изгледа кога ќе го оставиме полначот на некое место и ќе стапи на сила Марфиевиот закон, па наместо убаво среден како што сме го оставиле ќе го најдеме целиот исплеткан и не можеме да му го најдеме крајот.

Овој уникатен кабел секогаш ќе биде убаво спакуван благодарение на автоматската технологија на SuperCalla, која го држи кабелот во совршена форма додека истовремено е функционален и може да се издолжува. Компанијата има поднесено патент за заштита на несекојдневната идеја, а во тек е кампања на платформата за групно финансирање Kickstarter.

- Advertisement -

Со донација од 19 долари ќе добиете еден кабел, со донација од 29 долари два кабли, за 37 долари три кабли и за 69 долари шест кабли. Кампањата трае уште 17 дена, а првите кабли ќе бидат доставени во јуни годинава.

Сподели!
- Advertisement -