Шведскиот говорник Фредерик Харен, кој го води и блогот The World of Creativity, нуди бесплатен престој на неговиот приватен остров во близина на Стокхолм за да им помогне на креативците да ги развиваат своите идеи.
„Островот на идеите“ е неговата приватна оаза и стимулативен вакуум простор кој не може да се најде во градот, а има површина од 7.000 квадратни метри. Иако овој остров е еден од вкупно 10 најцентрални приватни острови во Стокхолм, кога ќе стапнете на него имате чувство како да е изолиран од се друго.
Речиси во сите правци одоколу гледате само вода, а до островот се стигнува со веслање од околу 200 метри. Луѓето можат да се пријават за престој од седум дена и бесплатно да ги развиваат своите идеи. Можеби можете да останете и подолго ако го убедите Харен дека за развој на вашиот проект е потребно повеќе време.
Оваа програма ја основал со цел на креативните луѓе да им овозможи еден сигурен рај.
Островот е отворен за гости секое лето. Креативецот кој ќе ја испрати победничката пријава може да ги поведе и своите пријатели на островот, бидејќи во куќата може да се сместат шест луѓе. Иако престојот таму е бесплатен, гостите се охрабруваат да уплатата донација за некој од другите проекти кои им се допаѓаат.