Гумите Sumitomo ја собираат енергијата од триењето и генерираат струја

- Advertisement -

Идејата да се собира енергијата од тркалата и околу тркалата додека се движат е интересна и повеќе компании за гуми веќе се испробаа на тоа поле. Сега јапонската компанија Sumitomo Rubber истражува друга можност со дизајн на гуми кои ќе ја собираат енергијата од триењето за да произведат струја која ќе се користи за функционирање на автомобилот.

Концептот за гумите е изработен заедно со истражувачи од јапонскиот Универзитет Кансаи, а системот се состои од обична автомобилска гума и посебен уред за собирање енергија кој се поставува на гумата во внатрешноста. Во тој уред има два слоја гума поркиени со електроди, како и негативно наелектризиран слој кој стапува во интеракција со позитивно наелектризиран слој. Како што се движи гумата по патот и се деформира отпечатокот што го остава, се создава еден вид статтичка енергија позната како фрикционо полнење.

- Advertisement -

Уредот таа енергија ја претвора во електрична, која ќе може да се користи за некои електрични делови во автомобилот, како што се контролната табла и радиото. Нема најава за комерцијализација на технологијата, но од Sumimoto велат дека можеби за почеток таа енергија ќе се користи за мониторите за притисокот во гумите.

Сподели!
- Advertisement -