Македонското електрично фиќо се најде во грчкото списание за автомобили “4Wheels”

- Advertisement -

Првиот електричен автомобил ЗАС Г20 произведен и развиен во нашата земја се најде на страниците на грчкото списание за автомобили „4 Wheels“ во августовското издание.

ЗАС Г20 е развиен како производ од проектот „Замена на мотор со внатрешно согорување на класичен автомобил фиќо со електричен мотор“ на компанијата ББ Класик карс, добитник на грант од Фондот за иновации и технолошки развој.

- Advertisement -

Бензинскиот мотор е заменет со електричен мотор кој го произведува германската компанија Кеслер, која е браунфилд инвестиција во Македонија, и има нулта емисија на јаглероден диоксид. Цената е околу 20 илјади евра.

- Advertisement -

При презентацијата на автомобилот во Македонија во февруари годинава од ФИТР истакнаа дека преку мерките од Фондот компанијата ББ Класик Карс ќе добие поддршка во вредност од околу 7 милиони денари, додека сопственикот ќе учествува со 3 милиони денари за да се реализира во целост проектот за автентичен електричен автомобил.

Милорад Китановски, директор на ББ Класик Карс објаснува дека перформансите на ЗАС Г20 се исти или подобри од оригиналната „застава 750с“, која се произведувала во Крагујевац, Србија, во 60-тите до 80-тите години на минатиот век. „Моторот е помоќен и нуди подобри перформанси и поголема брзина, но ние брзината ја ограничивме на 120 км/ч“ вели Китановски.

- Advertisement -

Со едно полнење може да помине до 150 километри во реални услови на возење, а полнењето трае околу три часа на домашен штекер, додека на брз полнач полнењето трае само 15 минути, додава Китановски и објаснува дека тоа би било помалу од 1 евро за три часа полнење на батеријата со капацитет од 10 киловати.

 

Сподели!
- Advertisement -