Со даночни олеснувања Полска се обидува да го спречи масовното иселување

- Advertisement -

Нов закон, кој стапува на сила во Полска од денеска, ќе го укине данокот на приходи за речиси два милиона млади полски работници. Иницијативата е обид на владата да го спречи огромниот одлив на мозоци што Полска го доживеа во 15-те години од приемот во Европската унија.

Премиерот Матеуш Моравецки рече дека даночното намалување ќе им даде нови можности на младите луѓе „да бидат еднакви со оние на Западот“.
Полјаците на возраст под 26 години кои заработуваат помалку од 85.528 полски злоти (22.547 американски долари) годишно од 1 август ќе бидат исклучени од данок на доход, што е еднакво на 18 отсто. Просечната плата во Полска е нешто помалку од 60.000 злоти (15.700 американски долари) годишно. Владата проценува дека 2 милиони луѓе ќе можат да имаат корист од мерката.
Кога Полска и седум други земји од Централна и Источна Европа влегоа во ЕУ во 2004 година, на нивните граѓани им беше дадено право да работат во заедницата без потреба од дозвола за работа или виза.
Моравецки рече дека 1,7 милиони луѓе ја напуштиле Полска во изминатите 15 години.
– Тоа е како да заминала цела Варшава… Загубата е огромна. Тоа мора да заврши, младите луѓе мора да останат во Полска – истакна тој.
Сподели!
- Advertisement -