Овој паметен сензор ве известува кога треба да му ги смените пелените на бебето. Сензорот е дел од конектираниот систем Lumi на компанијата која ги произведува најпопуларните пелени за бебиња во светот, Pampers. Сензорот ја следи активноста на бебето, спиењето, дали се помочало во пелените или не.
Сензорот функционира само со пелените Lumi на Pampers. Системот вклучува HD видео монитор со широк агол и ноќно снимање. Сензорот ја следи и собната температура и влажноста на воздухот. Податоците кои ги собира редовно ги испраќа до вашиот телефон преку посебна апликација.
Апликацијата, пак, го следи и времето на хранење на бебето, времето на спиење и некои други побитни податоци, па вашиот педијатар полесно ќе може да го следи здравјето и напредокот на бебето. Овој паметен систем за пелени на Pampers ќе се најде во продажба оваа есен.
Pampers launches a 'smart diaper' that tracks sleep and pee
This smart sensor notifies you when your baby needs a diaper change.More info: http://bit.ly/2yAvdSk
Posted by Startup Selfie on Петок, 26 јули 2019