Производителот на барови Makr Shakr отвори роботски барови во Милано и во Лондон. Компанијата основана од професорот на МИТ, Карло Рати, има за цел да им овозможи на луѓето да ги истражат можностите на технологијата. Во Милано проектот е првиот роботски бар во градот, додека во Лондон барот е дел од изложбата „AI: More than Human“ во Barbican.
Баровите на Makr Shakr се комбинација на робот бармен со технологија за храна. Во Милано барот наречен The View се наоѓа на кровот на луксузниот хотел TownHouse Duomo и е отворен за јавноста од 26 јули. View им овозможува на гостите да уживаат во пијалаци направени од робот.
Роботот кој се наоѓа во двата барови е направен според гестовите на италијанскиот танчар и кореограф Марко Пеле. Тоа е најнапредниот робот за мешање пијалаци во светот и може да се купи или да се изнајми, Двете механички раце на роботот прецизно подготвуваат и послужуваат пијалаци за неколку секунди.
Преку апликацијата на Makr Shakr посетителите на баровите можат да изберат од понудените рецепти направени од интернационални бармени или сами да креираат и да именуваат свои коктели.
Makr Shakr unveiled new robotic bars in Milan and London
Design your own drinks, while robotic arms turn them into reality.More info: http://bit.ly/2GJkEAN
Posted by Startup Selfie on Петок, 02 август 2019