Кои се новите цени на горивата?

- Advertisement -

И оваа недела „еуросуперот“ од 95 октани ќе се продава по цена од 69,50 денари за литар, а „еуросуперот“ од 98 октани по цена од 71,50 денар за литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Регулаторите меѓутоа ја зголемија цената на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 0,50 денари за литер. Така дизелот од полноќ ќе се продава по цена од 62 денари за литар, а екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) по цена од 52 денари за литар.

- Advertisement -

Малопродажната цена, пак, на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,163 дененари за килограм и ќе изнесува 35,343 денари за килограм.

Сподели!
- Advertisement -