По само петнаесеттина дена откако стартуваше, сајтот „Гласот на Охридското езеро“ (http://glasotnaezeroto.mk/) забележа над пола милион посети! Над 200.000 различни посетители од земјава, но и ширум светот, луѓе од Европа, САД, Бразил… досега имаа единствена можност да уживаат во иновативната музичко-технолошка авантура „Гласот на Охридското Езеро”. Да слушнат како звучи најстарото езеро во Европа, да ја почувствуваат неговата сила и нежност, да се уверат во неговата убавина и уникатност. Секој на свој начин да го доживее езерото, да посака да биде блиску до него!
Целта на проектот е да не потсети на убавините на Охрид и Охридското Езеро, и да ни влее порив за негово зачувување. Иницијатор на проектот е Македонски Телеком, а произлегува од долгогодишното пријателство со едната од трите врвни европски културни манифестации фестивалот „Охридско лето“.
„Гласот на Охридското Езеро” праќа порака до секој од нас, дека технологијата е создадена и се развива за добри нештадека го збогатува секојдневниот живот, дека овозможуваличен и професионален развој. Но и дека со помош на технологијата може да се создаде величествена и оригинална уметност која ќе остане во трајно наследство за идните генерации.
Едно е сигурно – овие аудио-визуелни записи ќе останат како културно сведоштво за еден хуман и општествено одговорен обид на Македонски Телеком да помогне во зачувувањето на природните и културните национални богатства.