Huawei до крајот на годинава ќе го лансира првиот телефон со сопствениот оперативен систем Hongmeng?!

- Advertisement -

Откако Huawei се најде на црната листа на САД и се соочи со проблеми со американските доставувачи на хардвер и софтвер, почнаа да кружат гласини дека компанијата со години веќе работи на сопствен оперативен систем. Некои високи функционери од Huawei потврдија дека долго време се работи на оператвен систем базиран на Android, но се претпоставуваше кога че се најде првиот телефон со тој систем на пазарот.

Бидејќи Google доби дозвола за соработка со Huawei, само до средината на август годинава, јасно е дека кинескиот производител на електронска опрема се подготвува за моментот кога ќе престане таа соработка. Според информациите кои стигнуваат од Кина, Huawei до крајот на годинава би можел да го пласира првиот телефон со оперативниот систем Hongmeng, основно оперативниот систем базиран на Android, а развиен во самиот Huawei.

- Advertisement -

Уредот би спаѓал во поевтината категорија телефони, веројатно за полесно да си го најде патот до купувачите. Но, засега нема официјална потврда од Huawei. Оттаму истакнаа дека и понатаму првиот избор им е Android, a Hongmeng го карактеризираат како дел од долгорочната стратегија на Huawei.

Сподели!
- Advertisement -