Милијардерот Ричард Бренсон бара нови работници на Балканот – планира ширење на бизнисот во регионот

- Advertisement -

Компанијата Virgin Pulse Bosnia, која е во сопственост на британскиот милијардер Ричард Бренсон, ги шири своите капацитети. Компанијата објави дека ќе го дуплира својот работен простор во Тузла на 2.300 квадратни метри и дека ќе вработи уште повеќе од 15 софтверски инженери.

Производот на Virgin Pulse е единствена и иновативна платформа која ја користат компании и корпорации од различни индустрии со цел промовирање на здравите навики на живот меѓу своите вработени. Платформата која е конципирана и развиена во Тузла се користи во целиот свет, а меѓу клиентите се и 10% од компаниите на листата Fortune 500 најуспешни глобални компании,

- Advertisement -

Со нивниот производ вработените се поттикнуваат и се наградуваат за здравиот животен стил, што подразбира воведување физички активности во дневната рутина, прифаќање на здрави навики во исхраната и одржување на квалитетна интеракција меѓу колегите.

Од Virgin Pulse претходно најавија дека во наредните неколку години сакаат да станат една од водечките компании во ИТ секторот не само во БиХ, туку и во целиот регион. За потсетување, Бренсон ја презеде тузланската компанија Piksel Interactive, која имаше околу 100 млади и образовани вработени и која потоа прерасна во џдел од групацијата Virgin и го смени името во Virgin Pulse Bosnia.

Сподели!
- Advertisement -