Илон Маск почнува со клиничко тестирање на чиповите за мозок

- Advertisement -

Компанијата на Илин Маск за имплантација на чипови за мозок Neuralink соопшти дека доби одобрение од независна комисија да почне со регрутација на пациенти за својот прв експеримент на луѓе.

„Neuralink бара пациенти за теситрање на мозочниот имплант за паразлизирани луѓе во клинички испитувања“ се вели во соопштението.

- Advertisement -

Имплантот ќе биде тестиран кај пациенти кои имаат парализа поради повреда на рбетниот мозок. Од Neuralink не откриваат каде ќе се одржи студијата, која ќе трае околу 6 години, и колку учесници ќе вклучи.

Neuralink соопшти дека од американската Агенција за храна и лекови добиле одобрение за почеток на тестирањето на проектот за импланти за мозоци за луѓе. Тие чипови претходно беа успешно тестирани на мајмуни.

- Advertisement -

Дури и ако мозочните импланти се покажаа безбедни, експертите велат дека може да поминат над 10 години додека инцијативата се одобри за комерцијална употреба.

Компанијата Neuralink од 2016 година досега има за цел лекување на невролошки пореметувања како парализа и слепило и подобрување на квалитетот на живот за луѓето со инвалидитет благодарение на микрочиповите кои се поставуваат во мозокот.

- Advertisement -

Од друга страна, експертите предупредуваат дека прелиминарните студии на мозочните импланти на Neuralink треба да бидат повнимателни и сеопфатни, имајќи ги предвид можните технички и безбедносни проблеми.

(N1)

(фото: Neuralnik)

Сподели!
- Advertisement -