Романија планира да воведе данок на слатките безалкохолни пијалоци како уште еден чекор во борбата против дебелината, а следејќи ги примерите на други европски земји, како што е Франција.
Целта на воведувањето на данокот е да ги обесхрабри потрошувачите на слатки пијалоци и да ги зголеми јавните приходи што би можеле да се трошат за здравство и за образование. Епидемијата на дебелина во Европа е голем товар за здравствените системи, соопштија од романското Министерство за финансии.
Проценките се дека со новиот данок ќе се соберат околу 66 милиони евра во остатокот на 2019 година.
Тамошното Здружение на производители на безалкохолни пијалоци го оцени овој данок како дискриминирачки и порача дека тоа ќе му наштети на секторот кој сега брои околу 60.000 работни места и вреди околу 1,2 милијарди евра.