Biski е моторцикл и џет-ски во едно

- Advertisement -

Овој моторцикл дефинитивно изгледа чудно и старомодно во споредба со најновите електрични и „зелени“ верзии, но тоа не е обичен моторцикл. Станува збор за Gibbs Biski, односно мтороцикл и џет-ски во едно. Тоа значи дека ако додека возите по автопат одеднаш видите некое езерце или река каде што би сакале да се повозите, нема проблем.

Нема потреба ни да застанувате туку едноставно продолжувате да возите од копно директно на вода и моторциклот автоматските се претвора во џет-ски. Biski има мотор со моќност од 55 коњски сили. Кога ќе завршите со возењето по вода, едноставно излегувате од водата и продолжувате да возите по автопат.

- Advertisement -

Biski на копно може да достигне максимална брзина од околу 130 км/ч, додека во вода може да достигне максимално околу 60 км/ч. Времето на транзиција од копнено во возило за на вода е само 5 секунди, а е дело на компанијата Gibbs Amphibians.

Сподели!
- Advertisement -