Третата најголема банка во Данска на клиентите им понуди кредити со негативна каматна стапка од 0.5%, што всушност значи дека клиентите ќе вратат помалку пари отколку што позајмиле. На пример, ако некој клиент купи куќа за милион долари и ја отплати хипотеката за десет години, на банката Jyske ќе и врати само 995.000 долари, пишува Business Insider.
„Пред само неколку месеци би рекле дека ова е невозможни, но изненадувањата постојат. Ова е ново поглавје во историјата на хипотеки и отвора нови можности за сопствениците на домови“ велат од данската банка Jyske.
Негативната каматна стапка на Jyske е последна во низата екстремно ниски, евтини кредити за недвижности во Данска. Задолжувањето на Данците никогаш не било евтино, па така една од тамошните банки понуди станбени кредити со нула каматна стапка.
Така, по прв пат во историјата на хипотекарните кредити во Данка банката Abp најави дека ќе почне да нуди станбени кредити на 20 години со фиксна рата на отплата без пресметување камата.