Apple пет пати ги зголеми наградите за хакерите кои ќе најдат слаби точки кај нивните уреди

- Advertisement -

Компанијата Apple многукратно го зголеми износот кој ќе го добијат хакерите кои ќе пронајдат слаби точки на нивните уреди на дури 1 милион долари, со што далеку ги надмина сличните понуди од другите компании. Претходната сума која ја даваше Apple изнесуваше 200.000 долари.

И тоа не е единствената новина. Кога програмата со новиот износ ќе стартува наесен, ќе биде отворена за сите потенцијални истражувачи, а не само за оние кои лично ќе ги повика компанијата, како што беше досега.

- Advertisement -

Компанијата рангираше по колку пари се наменети за хакерите за секоја грешка што ќе ја најдат, а посебен бонус од 50% им припаѓа на оние што ќе пронајдат слабости во софтверот пред да биде пуштен.

Apple ги зголеми наградите затоа што се соочува со се попрофитабилен приватен пазар каде што хакерите им ги продаваат истите инфромации на владите за огромни износи. Инаку, преку програмата за детектирање „багови“ од 2016 година досега се детектирани 50 сериозни пропусти.

Сподели!
- Advertisement -