Google планира рециклирани материјали за производство на хардвер

- Advertisement -

На 5 август, Google објави дека планира да користи само рециклирани материјали за производство на сите свои хардверски производи до 2022 година, вклучувајќи телефони Pixel, Pixelbook, Google Home звучници, Nest и додатоци, како футроли за телефони и полначи.

Компанијата објави дека рециклираната пластика веќе се користи за изработка на уредите Chromecast и дека се користат рециклирани пластични шишиња кај Google Home звучниците и футролите за телефони. „Зелениот потег“ го следи оној на компанијата Apple, кога одлучи да користи рециклирани материјали во своите производи, која отиде дотаму што дизајнираше куќен робот чија задача ќе биде да демонтира стари уреди за да добие делови погодни за рециклирање.

- Advertisement -

На почетокот на годината, Samsung објави слична иницијатива и има најава дека планира да користи одржливи материјали во производството на кутии за пакување на производи.

Покрај рециклирањето, Google планира да ги намали емисиите на штетни гасови при испораките, а планот треба да се спроведе до 2020 година. Емисиите на штетни гасови веќе се намалени за 40%, кога компанијата престана да испорачува производи со авиони, односно премина на копнени превозни средства. Следниот чекор е оној во кој испораките ќе бидат подобро испланирани, бидејќи копнениот транспорт бара повеќе време, така што во блиска иднина се очекува уште поголемо намалување на емисиите на штетни гасови.

- Advertisement -

Извор – Marketing365.mk

Сподели!
- Advertisement -